Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јули. Денеска е Преподобен Сисој Велики. Преподобен Сисој беше Мисирец (Египќанец), сонародник и ученик на основоположникот на пустиножителното монаштво Антониј Велики. По смртта на свети Антониј, Сисој се насели на гората на која се подвизуваше неговиот учител-која по него го доби името Антониева-и таму помина во секаков подвиг цели 60 години. Толку ја исчисти својата внатрешност, што ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 јули. Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил. Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, после еден ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули. Денеска е Св. великомаченица Недела. Света Недела (името е превод на грчкото Кириакија) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала ...