Новиот одбојкарски прволигаш во женска конкуренција, битолски Пелистер Волеј, амбициозно го започна летниот преоден рок. Битолските „зелено-бели“ денеска го претставија првото странско засилување во екипата, кое доаѓа од САД. Станува збор за Шиник Никол МекЏи, која настапува на позицијата примач и која во Битола доаѓа од Универзитетот во Атланта. За МекЏи од таборот на Пелистер велат дека е одбојкарка која има огромни лидерски способности ...

Новиот прволигаш Пелистер Волеј од Битола денеска официјализира уште едно засилување за наредната сезона. Станува збор за репрезентативката Симона Стојановска која ќе биде засилување на позицијата среден блокер. „Она што е сон на секој клуб кога гради победнички тим е во своите редови да донеси некои од најдобрите свои домашни играчи. Станува збор за една од најискусните одбојкарки со богата играчка кариера и долгогодишна репрезентативка на ...