Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – По минатонеделната средба со раководството на Македонска алпинистичка федерација во Скопје, министерот за спорт Борко Ристовски вчера престојуваше во Охрид, каде што го посети Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Тренинг-центарот на Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид. Овој центар е воедно и седиште на Националниот сојуз за планинско спасување (НСПС), каде се спроведува едукација и обука на ...

Зголемена поддршка за алпинизмот и за сите општествено-корисни иницијативи во кои волонтерски учествуваат алпинистите најави министерот за спорт Борко Ристовски при посетата на Алпинистичкиот клуб Патагонија-Охрид и Тренинг-центарот на Планинската спасителна служба Охрид кој воедно е и седиште на НСПС – Национален сојуз за планинско спасување, каде се спроведува едукација и обука на спасувачи од целата држава. На средбата присуствуваше и ...