Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против В.С.(42) од Гостивар и правно лице од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 04.09.2024, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ман“, управувано од првопријавениот, а сопственост на пријавеното правно лице, при што било констатирано дека вршел јавен ...
Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, денеска по претходно издадена судска наредба, извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид. Претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ. Се преземаат и ...
Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. МВР денеска соопшти дека на 20.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, МДМА таблети и кокаин. На 27.09.2024 во ...
Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Вчера во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ѓ.Ш.(29) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво". Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. Во текот на вчерашниот ден околу 22.45 ...