Шампионот Е. Пелистер славеше над Вардар со 28:23 во големото македонско дерби на третиот ден од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Салата „Билјанини Извори“ вечерва беше домаќин на првата голема пресметка меѓу двата лути ривали оваа сезона во домашниот ракмет. Битолчани покажаа дека во моментов се подобро подготвени и на крајот стигнаа до убедлива победа. Иако Вардар тргна добро, во остатокот од мечот Е. Пелистер беше тимот кој ...
Она што Пелистер го чекаше, тоа и го доби. Звучи невереојатно, но така е. Вардар, вечниот ривал на битолчани одигра за себе, ама одигра и за Пелистер вечерва во “Билјанини Извори“ и успеа да го победи Тримо Требње со 32:30, но со ова одигра и за битолчани на кои им помогна да се пласираат во финалето на ОХРИД 2025. Со оваа победа Вардар се пласираше на второто место во групата, што му носи и меч за трето место на овој силен турнир “Крсте ...
Македонскиот шампион, тимот на Пелистер одигра нерешено 24:24 против составот на Динамо Панчево во меч од 3.коло во групата на меморијалниот меѓународен турнир “Крсте Андоновски“ или ОХРИД 2025. По вчерашниот триумф во вечното дерби против Вардар, денеска битолчани сепак не успеаја да дојдат до нова победа против гостите од Србија. Интересно Пелистер имаше водство од 24:23 на неколку секунди до крајот, но прими гол и со тоа не успеа да победи. ...