Целта на американскиот претседател Доналд Трамп е да стави крај на војната со Иран по денешната одмазда, а оваа порака има намера да му ја пренесе на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пишува веб-страницата Аксиос, повикувајќи се на висок претставник на Белата куќа. „Сакаме договор, а не повеќе војна“, рече неименуваниот функционер. Трамп претходно му се заблагодари на Иран за неговото „рано предупредување“ откако земјата ја нападна американската ...

Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“. Доналд Трамп објави вчера попладне дека „12-дневната војна“ завршува со прекин на огнот што треба да стапи ...

Државните медиуми во Иран утрово известија за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност било „наметнато на Израел“ по, како што велат, „успешниот воен одговор на Иран на американската агресија“. Во извештајот на иранската државна телевизија, исто така, се наведува дека Трамп побарал примирје „на начин што личел на молба“, со што се обидел да обликува наратив за ...