Роден во Охрид, на Божик 1847 година. Монашки потстриг прими во 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези. Потоа премина во манастирот Горен „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“. Во 1896 година основа келијно училиште за деца. Со своите молитви и со лекови од природата го лечеше Божјиот народ. ...
Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети светиот Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро ...