Светот е побезбедно место по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други“, напиша Орбан на Фејсбук. Тој додаде дека сега таа практика е завршена. „Светот денеска е побезбедно место отколку што беше вчера“, ...

Ушаков рече дека не знае кога Трамп и Путин ќе се сретнат повторно по нивниот состанок во Алјаска. Во коментар за рускиот „Канал 1“, Ушаков нагласи дека штом ќе се сумираат конечните резултати од вчерашниот самит меѓу Русија и САД во Алјаска, ќе се донесе одлука за организирање на нов билатерален состанок меѓу лидерите на двете земји. Во овој поглед, на прашањето за можноста за одржување трилатерален состанок со учество на Зеленски, ...