Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, денес ги повика сите оние што сакаат забава и ја почитуваат традицијата, на 13 и 14 јануари да дојдат во Вевчани за Вевчанскиот карневал 2025 година. Најави дека карневалот како на филмска лента ќе ги покаже настаните од општествено-политичкиот живот изминатава година во земјата, кај соседите и во Европа. „Пред сѐ, во овие два дена Вевчани ви нуди многу забава. Ќе бидете растоварени од сѐ она ...
Вевчанскиот карневал, познат по својата сатиричност и маски кои ги рефлектираат актуелните општествени настани, и годинава ќе ги привлече посетителите со традиционалните обичаи и ритуали кои ќе се случат на 13 и 14 јануари во Вевчани. На денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски го најавија годинашното издание и ја претставија богатата музичка програма. Љутков изјави ...