Со изложбата „Горан Стефановски и книгите“ и изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар – Скопје, синоќа во Прилеп беше отворено 58 – то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Годинешната програмата „Промени се, промени сè“ именувана од уметничката директорка Ана Стојаноска на посетителите ќе им понуди единаесет претстави во продукција на националните театри, шест претстави ...
„Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал, промената е и првата победа во битката со конформизмот, старите навики, интерните или наследени ситуации. Промената е во секој од нас. Ние сме промената“. Со овие зборови, уметничката директорка Ана Стојаноска, синоќа го означи стартот на 58-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, кое годинава се одржува под мотото „Промени се, промени се’“, а во чии рамки ќе бидат прикажани ...