ВМРО-ДПМНЕ однесе убедлива победа на изборите во Северна Македонија со 59 освоени пратенички мандати, и е во удобна позиција да си ги бира коалициските партнери во идната влада, јавува германската новинска агенција ДПА. Агенцијата и повеќе други медиуми анализираат што ќе значи таа победа на внатрешен план, но и во однос на преговорите за пристапување кон ЕУ. Весникот Тагесцајтунг (TAZ) пренесува дека идниот премиер Христијан Мицкоски најавил ...

„Во иднина ќе владеат националистите", „Скепсата кон ЕУ победи во Македонија"... со вакви и слични наслови германските медиуми јавуваат за промената на власта во земјата по убедливата, двојна, победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 8 мај. Зидојче цајтунг (ЗЦ) се занимава со причините за тешкиот пораз на власта, и пишува дека про-европските, но корумпирани социјалдемократи убедливо загубиле, а Северна Македонија е пред промена на курсот, со ...