Високи нивоа на забранетиот пестицид метомил, кој е многу токсичен за луѓето, се пронајдени во црвените пиперки. Опасностите од метомилот се потврдени со бројни претходни научни студии, па затоа неговата употреба е забранета во Европската Унија. Кога се консумира во високи дози, метомилот може да предизвика оштетување на црниот дроб и бубрезите. Како што објави Европската агенција за безбедност на храната, кај свежите црвени пиперки увезени од ...
Според RASFF, ризикот е оценет како „сериозен“ и е наредено итно повлекување на производот. Кај пиперките е откриен 0,049 mg/kg (ppm) метомил, додека максималното дозволено ниво е 0,01 mg/kg (ppm) или пет пати повеќе од дозволеното, пишува српски Телеграф. Метомилот е карбаматен инсектицид кој е воведен во 1966 година и е познат по својата висока токсичност за луѓето, добитокот, домашните миленици и дивите животни. Примерок од контаминираните ...