Безбедносната ситуација во регионот е нарушена по руската инвазија во Украина и е потребна поголема соработка во одбраната, заклучиле министрите за одбрана на Македонија и БиХ, Мисајловски и Хелез на средбата во Скопје. Македонските војници во мисијата АЛТЕА ќе останат во БиХ сè додека е потребно за да придонесат за стабилноста на земјата. Како членка на НАТО ќе помагаме за прием на БиХ во Алијансата, со обука на старешини во Воената академија и ...
Сигурноста и стабилноста на регионот не се само политички цели, туку заедничка обврска. Соработката во одбраната е дел од пошироката европска перспектива – преку заеднички иницијативи се јакнат институциите и се подготвува инфраструктурата за стандардите на Европската Унија. Министрите за одбрана на Македонија и Босна и Херцеговина се согласија дека преку конкретни проекти и отворен дијалог, се гради стабилно партнерство засновано на доверба и ...