КОД открива колкави отпремнини ќе добијат седумтемина поранешни членови на Управниот одбор на ЕСМ. Искеширале по, речиси, 40.000 евра поради предвремено раскинување на менаџерските договори. Отпремнина од околу 45.000 евра му следува и на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, но не стигнал да потпише и да ја добие, затоа што е во притвор. Осомничен е за злоупотреби токму во фирмата која треба да му се „заблагодари“ за досегашната работа. ...

Владата на 30 јули 2024 година носи одлука за отповикување на седумтемина членови на надзорниот одбор на државниот производител на струја ЕСМ. На нивно место назначува нови седуммина. Дваесетина дена подоцна, новиот надзорен одбор, по препорака на Владата, предвремено ги разрешува седумтемина членови на Управниот одбор на претпријатието, поставени од претходната влада на СДСМ и ДУИ, и постави нови. Целта на смената на раководството е ...