На 01.05.2025 во 00.10 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај ...

Стотици возачи вчера се однесувале несовесно на празничниот ден, возеле пијани, возеле без дозвола, брзале. Полицијата напиша 613 казни. „Во текот на вчерашниот празничен ден, 1.5.2025, а како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози, дури 132 прекршоци се однесуваат за возачи кај кои после алкотестирање ...