- Најголемата порака што се обидовме да ја пренесеме на израелското раководство е дека сега кога војната заврши, ако сакате да го интегрирате Израел во поширокиот Блиски Исток, мора да најдете начин да му помогнете на палестинскиот народ да напредува и да живее подобро, наведе Кушнер. Тој на прашањето како ја пренесуваат таа порака, одговори „само што почнуваат“. Кушнер стакна и дека Хамас „се обидува да го почитува договорот“, што е во сила. - ...

Министерството за здравство на Газа денес потврди дека ги примило останките на уште 30 палестински затвореници што ги држи Израел, со што вкупниот број на тела примени од прекинот на огнот се искачи на 195. Министерството соопшти дека некои од телата покажуваат знаци на „тортура, тепање, врзување со лисици и врзување на очите“, објави Ал Џезира. Наведе дека нивните медицински тимови ќе продолжат да ги прегледуваат телата, во согласност со ...