Шкендија Арачиново ја победи Победа во Прилеп (0-1), но овој меч по крајот имаше инцидент, кога едно лице се обиде да влезе во соблекувалната на гостинскиот клуб, а за време на средбата имаше и недолични испади од трибините. „Сцените што денес се случија на стадионот во Прилеп немаат никаква врска со фудбалот и со спортскиот дух кој овој спорт треба да го претставува. Она што се виде на трибините и околу теренот не се слики кои му доликуваат на ...

Екипата на Шкендија Арачиново освои три бода на гости кај Победа (0-1), а по крајот на натпреварот имаше немили сцени од кои се појавија видеа на социјалните мрежи. Од соблекувалната на Шкендија, видео објави „Опен ТВ“, на кое се гледа едно лице како насилно сака да влезе во соблекувалната. За среќа реагираше полицијата, лицето беше отстрането од пред прозорецот кој беше оштетен. Шкендија Арачиново побара санкции од ФФМ за ова однесување. ...