Новиот третолигаш во Север, екипата на ФК Беса Сарај промовираше неколку квалитетни засилувања, а исто така, беа продолжени договорите на четири фудбалери: Венхар Лали Незири, Лирим Шаќири, Еркан Хајрули и Фуркан Саити. Ново засилување на голманската позиција е искусниот Стефан Копчаревски. Тој доаѓа и со меѓународно искуство, настапувајќи за неколку познати клубови: Македонија Ѓорче Петров, Tus. Bovinhausen (Германија) и ФК Корснäs (Финска). ...
Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ гради тим со кој ќе се наметне како прв фаворит за освојување на првото место во Трета лига – Север, а со тоа можност преку баражот да обезбеди враќање во Втората лига. Клубот ги задржа клучни играчи од минатата сезона како Оливер Пеев, Михаило Митров, Андреј Јаневски, а притоа ангажираше и неколку квалитетни засилувања. Во пакет од третолигашот БВК Коњаре пристигнаа Орхан Мифтар кој со години е меѓу најдобрите ...