Гневот, револтот и големото незадоволство што вчера го искажаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ за време на нивниот марш во Кочани биле поврзани со некаква политичка заднина. Тоа го тврдеше денеска портапорлката на Владата, Марија Митева. Вчера родителите побараа оставки од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради селективната истрага и ...

Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може барем да не им одмага и со навреди да не им фрла сол на раната, се истакнува во реакцијата на СДСМ на ставот на Владата дека гневот и револтот на роднините на загинатите има политичка позадина. Во реакцијата уште се наведува: На тие луѓе им е потребна поддршка и разбирање. Ние политичарите сме должни тоа да го разбереме, да ги прифатиме ...