– Меѓународен ден на штедењето. 1517.- Водачот на германските реформи Мартин Лутер на вратата на римоктоличката катедрала во Витенберг истакна 95 тези за реформи на црквата, со што во германските земји започна протестантската верска реформа и широкото народно движење против папските власти. 1517.- Умре италијанскиот сликар Фра Бартоломео, еден од последните фирентински ренесансни мајстори. Најмногу сликал религиозни теми, при што посебно го ...

1751.- Роден е англискиот писател и политичар од ирско потекло Ричард Бринсли Батлер Шеридан. Како член на британскиот парламент од 1780 до 1812 година се прослави како одличен оратор. Дела: комедии „Школо за озборување“, „Соперници“, „Критичар“. 1762.- Роден е францускиот писател Андре де Шениер, еден од најголемите класични писатели на 18. век. Дела: песните „Пратеничка со свои дилеми“, „Хермес“, „Америка“, „Младата Тарантинка“, „Нера“, ...