Од 10 мај започнува со реализирање на календарот на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад за 2024 година на територијата на Општина Охрид. Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад. На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање ...

Охрид, 2. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од следниот петок, 10-ти мај, започнуваат акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Општина Охрид. Со календарот за оваа година е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на Општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, информираат од ЈП „Охридски комуналец“. – Апелираме до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите ...