Дали хируршките клиники се затворени поради бактеријата мрса или има проблеми со доводот на кислород, бидејќи компресорскиот систем е стар повеќе од 30 години, министерот за здравство во заминување, Илир Демири, вчера не даде прецизен одговор. Но, кажа дека за да нема шпекулации дали е мрса или не, ангажиран е експертски тим од Германија да ги направи потребните испитувања. Демири нагласи дека се набавени шест компресори кои, во вакви вонредни ...

Хируршките сали лоцирани вo Клиничкиот центар „Мајка Тереза” веќе десетина дена се под клуч, со образложение дека не работи компресорскиот систем. Бројни пациенти останаа без можноста да ги реализираат своите итни операции, за што од ВМРО-ДПМНЕ прашаа дали причина за хаосот навистина е нефункционалниот систем или се работи за бактеријата мрса. Во салите, деновиве се шири непријатна миризба. Министерот за здравство во заминување, Илир Демири, ...