Премиерот Димитар Ковачевски во четврток на 17 ноември во Белград ќе учествуваат на Регионалната конференција „Можности за инвестирање во обновливи извори на енергија во Западен Балкан“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, на Конференција, организирана од амбасадите на Норвешка во Белград и Сараево во соработка со Нордиската стопанска алијанса, Бизнис асоцијацијата Норвешка-БиХ и партнерите за соработка во областа на енергетиката, ќе ...

Северна Македонија заедно со Грција и Бугарија работи на изградба на терминал за течен природен гас во Александруполис, со што ќе се обезбеди дополнителна диверзификација на снабдувањето со гас и ќе овозможи негово пристигнување од други држави, како што се САД, Катар, Алжир, информираше премиерот Димитар Ковачевски. Според него, иднината и за енергетската трансформација и за енергетската независност е во обновливите извори на енергија. ...