Фудбалерите на Албанија стигнаа до шокатно водство од 1-0 против актуелниот европски шампион Италија во натпревар од 1. коло во Б групата на Европското првенство во Германија. Вистински делириум се случи на „Сигнал Идуна“ паркот откако уште во 23. секунда Бајрами донесе водство за Албанија. Овој гол е и најбрз во историјата на Европските првенства. 🚨 GOAL! Italy 0-1 Albania! BAJRAMI OPENS THE SCORING SO QUICKLY! 🇦🇱 pic.twitter.com/EE7GKTP1Jb ...

Актуелниот европски шампион Италија и Албанија ни носат неверојатен почеток на нивниот меѓусебен натпревар во 1. коло од групата Б на Европското првенство во Германија. Откако шокатно водство за Албанците донесе Бајрами во 23. секунда со најбрзиот гол во историјата на континенталните собири 1-0, израмнување на 1-1 донесе ѕвездата на Интер, Бастони во 11. минута. Уште еден фудбалер на Италија, Барела во 15. минута донесе водство за аѕурите од ...