Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што синоќа се случила во струшкото село Долна Белица. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека престрелката се случила околу 22 часот и 30 минути. Еден од повредените, според Димоски, е пренесен на скопските клиники, додека другиот е во специјалната болница за ортопедија и траумоатологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Полицијата направила увид и работи на расчистување на случајот. ...
Едно лице загина, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа кај Рампа, во скопската населба Кисела Вода. Несреќата се случила во 23:30 часот меѓу патничко возило „лада“ и патничко комбе со српски таблички. Во несреќата на самото место починал 31-годишниот Мирче Д. од Скопје кој управувал со ладата, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Д.Д.Б. (19). Тешко повредениот во возило на Брза помош веднаш ...