Со едноминутно молчење, полагање цвеќе и палење свеќи, охридските стредношколци денеска одадоа почит на 59-те жртви, главно од 14-25 години, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На мирниот протест на Градскиот плоштад им се приклучија и родители и граѓани, кои низ солзи кажуваа ова никогаш да не се повтори. Протестот заврши со десетминутен молк кој никогаш не бил поболен и погласен од гневот и револтот на присутните кои го преплавија ...
Неколку илјади граѓани, претежно млади луѓе го одржаа последниот мирен марш како сочуство до семејствата на петтемина штипјани кои загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март . Со фотографиите на починатите штипјани и со транспарентите „Секој еден може да биде следен“ и „Бараме правда“ одеа по централните улици искажувајќи го својот револт и тага за несреќата. За утре, семејствата на загинатите најавија дека ќе има богослужби во ...
Стотици граѓани, претежно млади луѓе и студенти од целата држава, го преполнија вечерва централниот Плоштад Македонија во Скопје. Тие молчеа речиси еден час, а 16 минути светеа со мобилните телефони, држејќи ѕвездено небо во знак на почит за настраданите 59 врсници, во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март. Имаше бројни пишани пароли и плакати за броење пари со крвави раце, плакати со прашања: “Колку соништа згаснаа, колку зборови ...
Со мирен протест за почит на 59-те загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, велешани побараа одговорност, брза и ефикасна истрага. На плоштадот Сармаале, присутни од сите возрасти палеа свеќи за починатите кои се главно на возраст од 14-25 години. „Сите жалиме за децата што заминаа, поради сите нас. Триесет години молчиме, ама уште кратко. Децата заминаа поради нас возрасните оти ќутевме сиве години, го уништивме системот, ...