„Емилија Перез“ доби четири, а „Бруталист“ три златни глобуси, поведувајќи во трката за Оскари. Нискобуџетниот „Бруталист“, кој следи маж кој го преживеал Холокаустот и доаѓа во Америка за да биде архитект, е прогласен за најдобра драма, а ги освои и наградите за најдобар актер (Ејдриен Броди) и за најдобар режисер (Брејди Корбет). „Ова е приказна за човечкиот капацитет за создавање. Се надевам дека филмот ќе ги инспирира оние што се имигранти“, ...

Откако „освои“ три златни малини за најлоша актерка, Деми Мур го доби првото признание за својата кариера на 62 години. Мур, која беше една од најпопуларните актерки во 1990-тите, лани го имаше големото враќање во Холивуд со хоророт „Супстанција“, што ноќеска ѝ го донесе Златниот глобус за најдобра актерка во категоријата комедија/мјузикл. „Бев на многу ниско ниво пред да ја добијам улогата во ‘Супстанција‘“, призна Мур, примајќи ја наградата. ...