Промовирани нов мурал и награда „ Мето Јовановски“ , што ќе се доделува на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран Во Дојран, од 7 до 11 август ќе се одржи третото издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „ Преку езерото“. Како што рекоа од Советот на фестивалот на денешната прес конференција, во рамките на ова издание за прв пат ќе биде доделена награда што го носи името на починатиот доајен на македонскиот филм и театар, Мето ...

Со откривање на муралот на легендарниот македонски глумец, насликан на зградата на Кинотеката на Македонија, организаторите на меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“, го најавија 3-тото издание на фестивалот кој од 7 до 11 август ќе се одржи во Дојран. Годинава за првпат ќе се додели специјалната награда во филмската индустрија „Мето Јовановски“. „Решивме да доделуваме единствена награда Мето Јовановски за извонредно достигнување во ...