Гостувањето на актуелниот шампион Пелистер мотив повеќе за уште една добра ракометна претстава на “Гладијаторите”. Позади нас е една добра серија на победи кои се остварени со напорна работа што ни дава право да се надеваме на позитивни резултатите и во останатиот дел од првенството. Еурофарм Пелистер е се уште актуелен шампион на Македонија што ни дава мотив плус за надигрување. Очекувам поддршка од домашната публика и се надевам ќе бидеме ...

Екипата на Охрид е најпријатното изненадување во овосезонскиот плеј-оф во ракометната Суперлига на Македонија. Со седум победи и само два порази „гладијаторите“ котираат на високото трето место на табелата, а викендов пред себе имаат уште еден важен натпревар, против шампионот Еурофарм Пелистер. Стефан Дрогришки, средниот бек на охриѓани го најави овој дуел и смета дека неговиот сегашен клуб има шанси за позитивен резултат против матичниот. ...