Сè уште стојат паркирани во гаража шесте еко-автобуси донација од ЕУ. Каско-осигурувањето и погрешно заведениот број на шасија ги заглавија таму. Ова се причините кои ги наведоа од ЈСП, но дали и кога ќе се надминат проблемите одговор нема. „Ова позади мене е депото на „ЈСП“ каде се паркирани еко-автобусите. Кога ќе будат пуштени во употреба, никој не знае“. Возилата беа донирани на крајот на ноември минатата година, требаше да почнат да ...

Шесте еколошки автобуси, донација од Европската унија за Град Скопје, кои пристигнаа во ноември минатата година и требаше да бидат пуштени во сообраќај по само една недела, продолжуваат да стојат во гаража и не се користат. Возилата, кои беа наменети за подобрување на јавниот превоз во Скопје, веќе два месеци се во гаражата на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје. Автобусите, произведени во Турција, пристигнаа во земјава и беа ставени ...