Во вториот круг од локалните избори не постои задолжителен цензус: градоначалник е кандидатот што ќе освои најмногу гласови, без разлика на излезноста. Ова правило важи за сите општини и за Град Скопје во денешните рунди. Доколку, по кој било основ (на пример, поништување на гласање) не се избере градоначалник и по вториот круг, ДИК во рок од 15 дена ја известува Владата, која потоа во нов рок од 15 дена назначува повереник што ги презема ...
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, води во трката за градоначалник на Скопје со над 65.000 гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој има околу 35.700 гласови. Пребројани се околу 70 отсто од избирачките места. Најголемата предност Ѓорѓиевски ја остварил во општина Сарај, каде што според податоците од 86 отсто обработени избирачки места, има ...

