Државната изборна комисија излезе со првични резултати за излезноста во првиот круг од претседателските избори. Според податоците, до 9 часот на гласање излегле 69.703 граѓани, или 4 проценти од вкупниот број запишани гласачи во избирачкиот список. Како што информираа од Државната изборна комисија сите гласачки места биле отворени на време, засега изборниот процес се одвива без проблеми. Излезноста во живо можете да ја следите на интерактивната ...

До 9 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето се одвива мирно, без неправилности, соопшти утрово претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Како што рече Даштевски на првата прес конференција, излезноста е пресметана од податоците пристигнати од 832 избирачки места, каде до 9 часот гласале 15 487 гласачи. Според него, пријавени се одредени технички проблеми, но тие тековно се ...