Крум Стојанов е роден на 6 март 1917 година во Скопје. Тој беше македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 1945 година се вработува во Македонски народен театар во Скопје. Од 1967 до неговото пензионирање работи во Драмски театар – Скопје. Тој е еден од малкумината македонски актер кој ја добил „Стериината награда за глумечки остварувања“. Од богатата филмографија на Стојанов ги издвојуваме улогите во: 1957 Мал човек ТВ-филм 1961 ...

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Тој беше истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Апостоловски дипломирал на отсекот за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје, потоа една година работел во Народниот театар во Битола и 15 години во Народниот театар во Куманово, а од 1995 пак во битолскиот театар. Апостоловски има остварено бројни филмски улоги: 1984 Белото циганче ТВ-серија 1993 Бог да ги ...