„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како ‘Поткуп’, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК. бр. 62/16 од 21.05.2018 година. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на ...
„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-46/18, во јавноста познат како ‘Тенк’, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја ...