Македонската фудбалска репрезентација остана со играч помалку во првото полувреме во натпреварот против репрезентацијата на Ерменија, откако поради два жолти картони беше исклучен дефанзивецот Ѓоко Зајков. Македонија играше подобар фудбал и креираше повеќе шанси, но по првите 45 минути натпреварот Македонија-Ерменија е без голови. Спорниот момент за црвениот картон на Зајков се случи во судиското продолжение од првото полувреме, кога ...

Македонија со 2-0 ја совлада Ерменија иако цело второ полувреме игравме со играч помалку поради исклучувањето на Зајков. Избраниците на селекторот Милевски денеска се прикажаа во многу подобро издание од претходно и заслужено дојдоа до триумф, а тој можеше да биде и поубедлив доколку искористевме дел од шансите во првото полувреме. Првите 45 минути поминаа пред голот на голманот Огнен Чанчаревиќ. Македонија создаде повеќе шанси, но не го најде ...