Секојдневно возите низ тунел, но дали ви паднало на памет дека нема излез за итни случаи? Што ќе направите ако се запали пожар? Во студените норвешки планини, цистерна полна со бензин ќе удри во ѕидот на тунелот и ќе експлодира. Во тунелот ќе останат заробени цели семејства, тинејџери и туристи на пат кон дома за Божиќ. На едната страна на тунелот има снежна лавина и е невозможно да се дојде до влезот, а другата страна е исполента со отровен чад ...

Своеглава и комплетно независната Џулија наоѓа бегство од секојдневието во страста за мотоциклите и високооктанскиот свет на групата урбани моторџии кои организираат „Родео“- недозволени собири каде што возачите ги покажуваат своите мотори и нивните најнови смели акробации. По случајна средба во „Родео“, Џулија се наоѓа себеси вовлечена во тајна и нестабилна клика. Стремејќи се да се докаже на ултра-мажествената група, таа се соочува со низа ...

Франција, 1981 година: По изборот на социјалистот Франсоа Митеран за претседател, земјата е во еуфорија од радост. Филмот на Михаел Херс „Патници во ноќта“ ги враќа гледачите во оваа ера на пресврти со оригинални снимки од 1980-тите. Меѓутоа, политичките промени ја формираат само позадината на односите во семејството кое, како и самата земја, е во фаза на промена. Во центарот е Елизабет, мајката. Ново разведена и штотуку закрепната од ...