Уапсени се 17 затворски полицајци од Идризово кои организирано му помогнале на осуденик што лежи за убиство да избега, а претходно го пуштале да влегува и да излегува од боницата каде бил сместен секогаш кога тој ќе посака, соопшти Обвинителството за организиран криминал. Тие се осомничени за делото овозможување бегство на лице лишено од слобода. Пет од нив со помош на уште еден приправник од Идризово, наместо да го однесат во болница на ...

Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово. -По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно ...