За претседателската кампања на кандидатот за претседател на Македонија на коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи, кој не влезе во вториот круг, се донирани најмалку 69 илјади евра, покажуваат два извештаи кој ги поднел до Државниот завод за ревизија. Станува збор за извештаи кои се поднесуваат на 11. ден од кмпањата и на 20. ден од кампањата, а по завршување на изборите за претседател треба да поднесе и финален извештај. Во извештаите нема ...

Арбен Таравари, кандидатот за претседател на Македонија, на коалицијата „Вреди„, кој не влезе во вториот круг, собрал донации од најмалку 3.354.900 денари или околу 55 илјади евра, покажуваат двата извештаи кои ги доставил до Државниот завод за ревизија. Едниот се доставува на 20. ден од кампањата, а другиот на 11. ден. Тој по завршувањето на изборите треба да достави и финален извештај. Таравари самиот си донирал 183.000 денари, а донации добил ...

Професорката Билјана Ванковска, кандидат за претседател на Македонија на Левица, има приходи од најмалку 1.093.995 денари или околу18 илјади евра, покажуваат двата извештаи кои ги доставила до Државниот завод за ревизија. Едниот се поднесува на 11. ден од кампањата, а другиот на 20. ден, а по завршувањето на изборите треба да поднесе и финален извештај. За неа донирале 31. физичко лице, меѓу кои и лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, ...