Претседателскиот кандидат од коалицијата „ВРЕДИ“, Арбен Таравари ја почна турнејата низ источна Македонија со посета на Велес. Пред велешани ја претстави својата програма за европска интеграција, правна држава, сигурност и безбедност на државата и консензуална демократија. Таравари со продавачите на пазарот во Велес разговарал за економската состојба на производителите. Нагласил дека излез од ваквата состојба во државата е можна само со промени ...

Да го отстраниме старото и да донесеме новини, со нов претседател, со нова Влада, нов Устав за држава која ќе им припаѓа на сите и сите ќе ја сакаат, порача од Дебар кандидатот за претседател поддржан од обединетата албанската опозиција „ВРЕДИ“, Арбен Таравари. Доколку ја добие довербата од граѓаните, ветува дека ќе го забрани коцкањето и брзите кредити кои ги презадолжија граѓаните. Претседателскиот кандидат Таравари вели дека државата ќе им ...