Петтата ноќ на нереди поради полициската бруталност во француските градови доведе до апсење на најмалку 427 лица вчера во текот на ноќта, јави ДПА. Париз, Марсеј и Лион беа меѓу најпогодените градови, со нереди, грабежи и оштетувања на имот. Сепак, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска информира дека ноќта била помирна поради „решителната акција“ на полицијата. Премиерката Елизабет Борн посочи дека 45 илјади полицајци, ...
Трета ноќ по ред во повеќе француски градови имаше немири поради смртта на 17-годишно момче, кое беше застрелано од полицаец. Полицијата синоќа уапси најмалку 420 луѓе од кои 242 во реонот на Париз. Во париското предградие Нантер, каде беше застрелано момчето, демонстрантите се судрија со полицијата, при што се уапсени 19 луѓе. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен претходно изјави дека поради протестите распоредени се 40.000 полицајци ...
Во поголемите француски градови и синоќа, четврта ноќ по ред, имаше насилни протести, откако полицијата во вторникот застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. Најдраматично, како што јавуваат француските медиуми, ноќеска беше во Марсеј, а протести, насилства и кражби имаше и во Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил. Запалени се згради и возила, ограбени продавници. Околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери се ангажирани ...