Во Подгорица, синоќа биле приведени 45 лица – државјани на Турција и Азербејџан, во големата полициска акција што уследи по инцидентот во населбата Забјело. Жител на Подгорица синоќа бил претепан и избоден од група Турци, што предизвикало револт кај локалните жители, кои се собрале и се обиделе да линчуваат тројца од напаѓачите. Полицијата морала да интервенира за да ја растера толпата, а владата најави дека по итна постапка ќе го укине ...
Подгорица последниве денови личи на град под полициски надзор и политички нерв. По едно улично прободување во населбата Забјело, инцидент што полицијата го води како напад со нож врз млад Црногорец од страна на еден азербејџански и еден турски државјанин, улицата се претвори во сцена на колективен одговор. Прво дојдоа рациите. Потоа почна реваншизмот. На крај – стравот. Црногорската полиција уапси и задржа десетици странски државјани, главно ...

