Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска ја задолжи Службата за заеднички и општи работи, да ја врати оградата околу владината зграда. Оградата пред седум години ја отстрани Владата тогаш предводена од СДСМ и Зоран Заев. Тогаш беше најавено дека тоа се прави со цел просторот пред Владата да биде отворен за граѓаните, но сепак беше поставена еден ограда, односно бариери кои ги има МВР, а се користат најчесто при протести. Кога ...

Владата на Република С Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлуката за враќање на оградата. „Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена“, информираа од владината ...