Цената на златото достигна нов рекорд во услови кога расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените „безбедни засолништа“. Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните десет години во однос на американскиот долар, додека распродажбата на ...
Американските берзи и вчера беа нестабилни, на крајот од една бурна недела за Волстрит, во која претседателот на САД, Доналд Трамп, прво нагло ги зголеми царините кон целиот свет, а потоа неочекувано ги одложи. Во меѓувреме, растот на цената на златото, слабеењето на доларот и движењата на другите финансиски пазари укажуваат на нови стравувања, додека трговската војна меѓу САД и Кина продолжува да ескалира. Клучните берзански индекси во САД и ...