МВР во Академијата за судии и обвинители постапува по наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОК информираат од МВР. „МВР – Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и ...

Во Полициската станица Аеродром, Ф.С.(43) од Скопје пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле четири лица од Бангладеш на возраст од 23 до 36 години, кои биле вработени во приватна фирма во Скопје. Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. Во последните неколку месеци многу странски работници, најчесто од Непал, се пријавени дека ги напуштиле работните места и обезбеденото сместување од македонските фирми. ...

Две возила се судрија ноќва, по што едното заврши во оградата кај Министерството за економија. Сообраќајката се случи некаде половина час по полноќ на раскрсницата од улиците „Рузвелтова“ и „Народен фронт“ во Капиштец. Предната страна на едното возило е целосно смачкана, додека другото се излизга и удри во ограда. Полицијата изврши увид на лице место и повеќе детали ќе се знаат во текот на денот. Ова е крстосница која не е регулирана со ...