Србинот со евентуален успех во Париз би се етаблирал на врвот на вечната листа победници на гренслем-собирите со 23 пехари, со што првпат во кариерата би имал повеќе вакви пехари од Рафаел Надал, со кого сега се изедначени на врвот. Истовремено, со тоа би се изедначил со Серена Вилијамс, а пред него би останала само Маргарет Корт со 24, но од времето кога тенисот не бил сметан за професионален спорт. Ѓоковиќ истовремено би станал прв во светот ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ славеше со 3-1 во сетови, односно 6-3, 5-7, 6-1 и 6-1 против Шпанецот Карлос Алкараз за пласман во финале на Ролан Гарос. Ѓоковиќ во четвртиот гем од првиот сет направи брејк и поведе со 3-1, по што Алкараз имаше неколку шанси да ја врати неизвесноста, но не успеа и Србинот го доби сетот со 6-3. Алкараз прв стигна до брејк во вториот сет (5-3), но Ѓоковиќ во следниот гем врати со иста мера и потоа израмни ...