Протестите избувнаа во среда, на самиот ден на изборите во Танзанија, поради, како што тврдат демонстрантите, систематското потиснување на опозицијата и исклучувањето на клучните кандидати од претседателските избори, објави „Гардијан“. Џон Китока, портпарол на опозициската партија Чадема, изјави за агенцијата Франс-прес (АФП) дека стотици луѓе се убиени од среда. „Додека зборуваме, бројот на жртви во Дар ес Салам е околу 350, а во Мванза повеќе ...

Главната опозициска партија ЧАДЕМА, која беше забранета поради одбивање да ги прифати официјалните правила и чиј лидер Тунду Лису беше уапсен за предавство во април, доцна синоќа изјави дека резултатите се „целосно фалсификувани“. „ЧАДЕМА цврсто ги отфрла таканаречените изборни резултати објавени од Националната изборна комисија. Тие резултати немаат никаква основа во реалноста бидејќи вистината е дека немало вистински избори во Танзанија“, ...