Работниците од културата секој ден ќе протестираат се додека не го добијат зголемувањето од 12 отсто согласно усогласувањето на платата со минималната од март. Револтот е голем и затоа што 3000 илјади работници во културата, немаат земено плата за минатиот месец и покрај сите пробиени рокови, а од први мај ќе бидат и без осигурување. На денешниот протест ја повикаа и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска да признае дека ...

Од пред зградата на Министерството, од СКРМ им порачаа на службениците дека патот кон повисоки плати за нив не е преку опструирање на Колективниот договор за култура, туку, како што рекоа, преку искрена, натпартиска социјална борба за нивните права за која секогаш ќе ја имаат поддршката од СКРМ Со огромен транспарент на кој пишува „За функционерите злато, за културата блато“, со свирчиња, извици и со класична музика која се слушаше, Синдикатот ...