Kинематограферката Џудит Кауфман ја освои Златната Камера 300 за филмот номиниран за Оскар „Наставничка канцеларија“ на германскиот режисер Илкер Чатек на 45. Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој заврши синоќа во Битола. Сребрена Камера 300 доби Ранабир Дас за филмот „Сè што замислуваме како светлина“ на индиската режисерка Пајал Кападија, за кој жирито рече дека станува збор за мошне иновативна и интересна презентација. Бронзена ...

„Еден е Манаки“ е движечката сила на овогодинешната програма на ИФФК „Браќа Манаки“. На почетокот на синоќешното свечено затворање на присутните им се обрати директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски. -По изминувањето на сите седум фестивалски денови убеден сум дека сите знаете зошто еден е Манаки. И се надевам дека сега на сите им стана јасно дека на браќата Манаки не им требаат наводници во слоганот зошто суштината е во нивните бесмртни ...