На еден месец пред стартот на ЕХФ Лигата на шампиони за млади, извлечени двојките за предквалификационите турнири за “Ф4“ за млади во Келн. Во групата во Пореч, иднината на битолскиот и македонски ракомет младинската екипа на Еурофарм Пелистер од Битола во полуфиналето на 30 март во 12 часот ќе игра против тимот на Алборг. Во второто полуфинале играат екипите на Загреб и Ф. Берлин. По минатогодишниот голем успех и учеството на Ф4 во Келн ова ...

Денеска во својот 12 натпревар од групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа 28:28 против ГОГ во Данска. После првото полувреме ГОГ имаше позитива од четири голови разлика (15:11), иако во еден момент на семафорот имаше и „плус пет“ (13:8). Во вториот дел и натаму домаќините одржуваа позитива од три-четири голови предност сè до 43 минута кога при негатива од 23:19, Еурофарм Пелистер направи серија од ...

Битола, 27 февруари 2026 (МИА) - Младите ракометари на Еурофарм Пелистер повторно ќе учествуваат на предквалификациски турнир за младински ракометни шампиони, организиран од Европската ракометна федерација кој следниот месец ќе се одржи во Пореч, Хрватска. Во рамки на ЕХФ Лига на шампиони за млади, битолчани на 30 март силите ќе ги одмерат со врсниците од Данска кои настапуваат во шампионот Алборг и доколку победат, во финалниот дуел за ...