Во тек е голема евакуација на туристи и жители од делови на Халкидики, поради пожарите што ја зафатија областа, јавуваат грчките медиуми. Според последните информации, повеќе од 347 лица веќе биле безбедно префрлени до марината Сани, додека уште околу 92 лица се качиле на бродот „Speedrunner Jet“. Во операцијата по морски пат се вклучени два брода на крајбрежната стража, приватни пловила, два брода на противпожарната служба, три рибарски и ...
Од летувалиште преполно со туристи до сцена на масовна евакуација. За само неколку часа дел од Халкидики се претвори во борба со огнот и времето. Густ чад го покри небото над Касандра, пламените јазици се спуштија кон куќите, патиштата се затворија, а стотици жители и туристи спасот го бараа кон морето. Големиот шумски пожар што избувна денеска околу 14 часот во близина на Сивири и во почетокот зафати ниска вегетација, поттикнат од силниот ...

